ФУДБАЛ


Фудбал (од анг. football) — игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да ја додели на другиот тим. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.

Image result for фудбалПознавањето на спортските правила претставува основа за планирањето и програмирањето во сите спортски дисциплини. Спортскиот резултат е во директна зависност од степенот на физичката, техничката подготвеност на спортистите која се базира врз основа на правилата на спортската игра. Имајќи ја во предвид каузалната поврзаност на резултатот со тренингот и спортските правила, како и недостиг на информации за правила на спортските игри во училиштата. Подредбата од спортски правила долг период е актуелна. Официјалните фудбалски правила се нарекуваат “Законите на играта” и се ажурира на годишно ниво обично во јули од ФИФА, светското фудбалско управно тело. Но млади организации обично се прилагодуваат на правилата како би им одговарале на децата.  Типични корекции има на должината на теренот за игра, бројот на играчите во еден тим, бројот на замени, големината на топката.  Правилата на ФИФА не бараат посебни тимови за девојчиња и момчиња, но многу фудбалски клубови и здруженија имаат одделни лиги за момчиња и девојчиња. Во кратки црти, “Законите на играта” не се едноставни и може да биде тешко да се разберат. Официјалните ФИФА правила имаат 17 делови и владеењето на книгата е окулу 70 страници. Исто така постојат и дополнителни 44 страници под наслов “Прашања и одговори”.

Comments